Тендерот пропадна - ќе се бара ново решение за лабораториите - во игра 2 опции
Здравствените власти не се откажуваат од проектот за реформирање на лабораториите. По реакциите во јавноста и поништувањето на тендерот пред година и половина тежок 35 милиони евра, министерот Филипче најавува две опции за функционирањето на медицинските лаборатории. Или централизација како што претходно се планираше или јавно – приватно партнерство на постоечките лаборатории.
– Сакаме да направиме заштеда таму каде што може. Ова е поле каде анализите покажаа дека може да се направи заштеда во сума од пет, шест, седум милиони евра затоа што имаме центри кои навистина нерационално ги трошат реагенсите, а тоа се на некој начин нерационално потрошени пари. Во таа смисла ќе одиме со една од двете можности – јавно-приватно партнерство или со централизација, односно централна набавка со што би се вклучиле сите европски норми и регулативи, изјави денеска министерот Венко Филипче.
Според Филипче физибилити студијата за јавно – приватно партнерство е при крај, а реформата е планирана во буџетот за идната година.
-Физибилити студијата е во насока на рационализација. Наместо монополи со одредени апарати и реагенси за тие апарати да го отвориме пазарот за сите, додаде Филипче.
Министерот за здравство тврди дека и со двете опции бројот на лаборатории нема да се намали, туку ќе се намалат аназализите кои се прават во малите болници каде има малку пациенти.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
