Бизнис

Тешкото помина, но ниту 2024 не навестува мирна пловидба

Најтешкото помина, но ни 2024-та не навестува мирна пловидба. Ова го пишува министерот за финании, според кој , пандемиските, енергетските, финансиски кризи се зад нас, но ризиците поради воените конфликти и нарушените пазари, се уште се присутни. Владата со своите мерки и политики, кои го чинат буџетот 2,7 милијарди евра, успеала да го задржи стандардот кај граѓаните и ликвидноста кај компаниите.

- Сепак, Фискалниот простор кај голем дел од земјите е доста стеснет, што ги прави ранливи на евентуални потреси. Економистите ги лоцираат ризиците во продолжувањето на војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток, кризата која потекна од пазарот на недвижности во Кина, германската индустрија, претпазливоста на централните банкари, иновациите во артифицијална интелегенција, нуклеарната енергија и други предизвици вклучително изборите во повеќе земји меѓу кои и изборите во ЕУ и САД. Сето ова ни кажува дека ниту во 2024 на глобален план не може да очекуваме „мирна пловидба“, а дополнително кај нас, во мај имаме и парламентарни и претседателски избори, кои секако ќе имаат свие влијание врз динамиката на економските активности.пишува Бесими во својата колумна

Токму изборите и трошењето енормни пари  за да се се добие глас повеќе и експертите го гледаат како најголема закана за македонката економија. Позитивни сигнали на заздраување се чувствуваат, но потребни се мерки кои ќе го згоелмат растот,а намалат инфлацијата

Непишано правило е владите повеќе да трошат во неинвестициски проекти, за да ги придобијат граѓаните. Мора да се презмат мерки за да се заузда инфлацијата. Политичкиот момент, стабилноста е битна и за нас и за странските инвестотори, но на среден рок мора да освојуваме нови пазари, да спроведуваме реформи и да да ги задржиме професиноналните кадри, кои секојдневно се иселеуваат, вели Абил Бауш, универзитетски професор

Приоритет на владата оваа година треба да биде зачувување на стандардот кај граѓаните и преземање мерки кои ќе ја преопловат инфлацијата

 Затоа што со зголемување на минималната плата, гледаме огромни разлики во најниските пензии кај највозрасните. Со ова   стандардот кај огромна маса на луќе паѓа, а кога паѓа, тогаш немте економски раст. Инфлациајта од 2 цифрена, до 9,4%  мора да се спуши на 5,5 отст., додава о Буџетот треба да биде штедлив и инвестиционо ориенран, ние премгу трошием, а немаме резултати, додава Бауш

Секој буџетот треба да бите штедлив и инвестиционо ориентиран. Досегашното искуството покажува дека трошиме милијарди евра,а резултати нема. Затоа Бауш порачува - внимателно со секој потрошен денар. Треба да се инвестира во  проекти кои ќе ја придвижат економијата, а  со тоа и стандардот кај граѓаните.