Тетовчанец превезувал седум мигранти од Египет, лишен е од слобода | ФОТО

Полицијата рано изутринава кај наплатната рампа Романовце лишила од слобода возач и седум илегални мигранти од Египет. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Како што се посочува во информацијата од МВР, околу 2:10 часот на 30 ноември, на автопатот Скопје–Куманово, кај наплатната рампа Романовце, при вршење мото-патролна дејност од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, било сопрено патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.И.(44) од Тетово.
При контролата во возилото биле забележани лица кои при легитимирање немале никакви документи за идентификација. Во разговор со возачот, тој посочил дека требало да ги превезе лицата од Гевгелија до Куманово. Во возилото се превезувале седум лица, сите по нивен исказ државјани на Египет, на возраст од 17 до 52 години.

Ново на Сител
-

Во очекување на корекција на цената, оризарите протестот го ставија во мирување
-

Свеста за органодарителството сеуште на ниско ниво
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-

Сејф сити системот почна да функционира, нови толеранции за возачите
-

Министерот за здравство не знае зошто професорот Кедев се повлекол од Здравствениот совет на министерството
-

Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
