Бизнис
1. February 2026 - 16:53

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%

Колективниот договор ќе се потпише со УПОЗ,но под услов – да се тргне делот за плати од Општиот колективен договор.

За да се зголемат платите за 40 отсто на административците во правосудтсвото и управата , премиерот Мицкоски  бара од Синдикатот одредени отстапки. . Станува збор за  7,800 вработени во државната управа ,судовите и јавните обвинителства

- Јас многу јасно ова сум го предложил уште минатата година само тогаш беше на четири рати бидејќи беше опфатена и 2025 година. Сега, бидејќи 2025 е зад нас, остануваат три години, односно две години и два - три месеца (април 2026, 2027 и 2028). Тоа е условот - да дојдат, но треба исто така во тие преговори да се согласат на веќе изминатиот од важност Општ колективен договор, да го тргнеме делот за плати којшто и онака е збунувачки, и да се посветиме на овој договор да го финализираме и во рамки на тие две години да се договориме и за тој дел. Ние сме подготвени да преговараме, изјави денеска Мицкоски,

Од УПОЗ велат дека утре ќе имаат состанок со синдикалните организации  на кој ќе се утврдува дали да се прифати или не ваквиот предлог .

-Уште утре ќе ја контактираме владата и ќе бараме состанок  со премиерот. Ако вака скроениот договор е поволен за работниците, веднаш ќе  го потпишене,  вели Деаноски за Сител

За зголемување на платите во приватиот сектор,  премиерот остава Синдикатот  и работодавачите да се договораат.

За минималец од 600 евра и пораст на останатите плати за 100 евра, од ССМ најавија блокади и протести. Ако премиерот утре не  се појави во  синдикалниот дом, најверојатно во вторник ќе го блокираат Собранието.