Тихановскаја: На „Вагнеровците“ не смее да им се дозволи да ја користат Белорусија за криминални операции

Лидерката на белоруската опозиција во егзил, Светлана Тихановска, денеска изјави дека не може да и се дозволи на приватната воена компанија „Вагнер“ да ја користи Белорусија.
Таа наведе дека „Вагнеровците“ не можат да ја користат нејзината земја како база за криминалните операции и повика на решителна меѓународна акција.
„Не може да им се дозволи на Пригожин и неговите „Вагнеровски“ насилници да ја користат Белорусија како база за нивните глобални криминални операции. Од Украина до Африка, нивната криминална трага вклучува масовни егзекуции, киднапирања деца и грубо кршење на човековите права“, напиша Тихановска на Твитер.
Таа додаде дека „оваа сериозна закана“ бара решителна меѓународна акција.
Тихановска во март беше осудена во отсуство на 15 години затвор под обвинение за предавство.
Опозициската лидерка побегна од Белорусија во Литванија откако се кандидираше на претседателските избори во 2020 година како главен конкурент на претседателот Александар Лукашенко.
Ново на Сител
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошки пациенти од Пелагонискиот регион повторно за терапија мора да доаѓаат во Скопје
-

Адвокати бараат да прекине судењето за пожарот во „Пулс“
-

Нови сведоштва за „Пулс“
-

МВР ги брои казните од Сејф сити, граѓаните велат се вози преспоро, други пак задоволни од системот
-

Девет лица и една фирма кривично ќе одговараат за проневери со ИПАРД фондовите
-

Македонски мозоци во Њујорк: Помеѓу врвната наука и контроверзните документи на Епстин
