Тивок марш и парастос во Македонска Каменица „Кети Милковска и 63 ангели“

Во Македонска Каменица денеска се одржа мирен марш и парастос во чест на Кети, младата девојка чиј живот беше трагично прекинат пред десет месеци во трагедијата во дискотека Пулс во Кочани. Настанот започна пред црквата „Успение на Пресвета Богородица“, каде семејството, пријателите, сограѓаните и хуманитарното здружение „Бели гулаби“ запалија свеќи и се помолија за спокој на душата на Кети.
По запалувањето на свеќите следеше мирен марш низ центарот на градот, како симболичен начин за оддавање почит и поддршка кон семејството. Присутните се потсетуваа на спонтаните моменти и смеата што Кети ги носела со себе, истовремено оддавајќи почит и на другите шест жртви од трагичниот настан.
-Како хуманитарно здружение застанавме во тивок, достоинствен марш, а денес, десет месеци по трагичниот настан, кога го загубивме нашето дете и наш сограѓанин, повторно сме тука. Тука сме најнапред за да им дадеме поддршка на родителите. Со нас се и нејзините другарки, кои стојат зад мене. Денес сме собрани за да ѝ оддадеме почит и да го одбележиме нејзиниот небесен роденден. Да беше жива, ќе го славевме на сосема поинаков начин. Кети беше прекрасно девојче, многу добра личност, комуникативна и отворена со сите. Во секоја смисла – добра, искрена и сакана, истакна Наташа Џевелекова, претседателка на здружението Бели Гулаби.
Маршот заврши пред Домот на културата, каде се одржа програма во чест на небесниот роденден на Кети. Пред присутните се обрати и една од другарките со кои Кети кобната ноќ била во дискотеката.
-Таа вечер бевме заедно со Kети која, за жал, денес веќе ја нема. Од нашата маса јас бев единствената што преживеа, единствената што успеа да се спаси. Тоа беше ден што засекогаш ни ги промени животите на сите нас. Ден што постојано живее во нашите мисли и во нашите срца. Болката е тука, не заминала и веројатно никогаш нема да исчезне. Само учиме како да живееме со неа, ден по ден, истакна Антонела, другарка на починатата Кети.
Нада Милковска мајка на починатото девојче од срце им се заблагодари на сите сограѓани, роднини, пријатели и гости кои дадоа поддршка во трагичната загуба на нивното дете.
-Вашето присуство, секој гест на утеха, секој изговорен збор на сочувство, секоја солза споделена со нас, секоја запалена свеќа, секој положен цвет и секоја порака со поддршка ни дадоа сила да ја издржиме болката што не може да се опише со зборови. Денес сме овде за да го одбележиме нејзиниот роденден и да им оддадеме почит и на другите шеесет и три ангели кои таа вечер ни ги зедоа животите. Деца кои требаше да живеат, да сонуваат, да се радуваат и да ги остварат своите неисполнети желби, истакна Милковска.
Споменот за Кети Милковска ќе биде одбележан со скромна биста во незјина чест како спомен на младоста.
МИА
Ново на Сител
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
-

11.000 административци до 2028 година ќе имаат за 40% повисока плата
-

Двегодишно дете од Битола по напад од улични кучиња заврши на интензивна нега на Детска хирургија
-

Полицајците бараат еднаков третман на сите пред законот по заканите со тепање и убиства
-

Премиерот ја потврди продажбата на „Еурокомпозит“ - Ќе продолжи и ќе се прошири производството на воена опрема
-

Долго трае чекањето на лек за ретки болести
