Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
Поранешниот премиер Зоран Заев бара јавно извинување од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот Бране Петрушевски за како што ги нарекува лагите и клеветите за негова вмешаност во заплената на тони марихуана. По повеќе од пет години Заев преку објава на социјалните мрежи се заканува со тужби доколку во законски рок не добие нивно извинување.
- Јавно барам извинување од пратеникот Петрушевски и од партијата ВМРО-ДПМНЕ за сите тие лаги, клевети и навреди, вклучително и намерната злоупотреба на моето име во таа режирана драма околу конфискацијата на десетици тони медицински канабис, поради наводно несоодветно чување и складирање. Безобразна лага е дека сум на кој било начин поврзан со случаите со канабис што беа презентирани пред јавноста. Безобразна и дрска лага е дека сум се јавувал во Царинската управа.
Петрушевски му врати дека нема намера да се извинува за ништо.
Опозицијата пак бара одговори од власта, како и кој дозволил 5 тони марихуана да излезат од македонските граници, обвинувајќи дека одговорноста за скандал со 5 тони дрога води директно до врвот на власта.
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека лица и фирми блиски до Заеви и Филипче се вмешани и во последниот случај со заплена на марихуана. Прашуваат дали Заев се интересирал во државни институции и за запленетата марихуана во Србија.
Од партијата бараат обвинителството да ја истражи и поврзаноста на Заев и Филипче со фирмата каде е запленета марихуаната.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
