Топол бран до средината на следната седмица, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните
Под влијание на топла воздушна маса од југ, од денеска до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Институтот за јавно здравје деновиве излезе со препораки за заштита на повозрасните од топлото време.
Се апелира повозрасните да избегнуваат изложување на сонце, како и работа на отворено, во периодот од 11 до 17 часот. Да носат лесна, светла и памучна облека, заштитни очила за сонце, капа со висок свод и широк обод и крем со УВ фактор 30+ при изложување на сонце. Да се пие повеќе од вообичаено и да не се чека додека не се почувствува жед за вода. Алкохолните пијалаци да се избегнуваат, како и оние што содржат кофеин, но и екстремно ладните. Доколку лекарот им има поставено некои ограничувања за внес на течности, да се консултираат со него.
Се препорачува да се избегне користење шпорет, рерна и слични уреди од 11 до 17 часот.
- Хроничните болни, посебно оние со болести на кардиоваскуларниот систем, невролошките и белодробните болести, потребно е да бидат посебно дисциплинирани по однос на овие препораки и да ја земаат својата редовна терапија, нагласуваат од ИЈЗ.
За сите промени во здравствената состојба, како што се истакнува, задолжително да се консултира избраниот матичен лекар.
Ново на Сител
-
Решен деценискиот проблем со водата за пиење во селото Сушица
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Кос
-
Процентот на реализација на процентот на реформи ќе биде понизок, но европските средства не се загрозени
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Голем пожар кај прилепско Бешиште, локализиран пожарот кај Визбегово - од утре забрана за движење во шуми
-
Се запали глисер кај каналот Студенчишта
-
Преглед на вестите од светот