Тошковски: Државата ги унапредува капацитетите за справување со кризи, показна вежба на Водно за спасување од жичница
На жичницата „Милениумски крст“ на Водно денеска се реализираше показна вежба на тема „Евакуација од жичница“, во која учествуваа тимови на Специјалната единица за антитерористичка единица - Тигар на Министерството за внатрешни работи.
Како што соопшти МВР, според сценариото, жичницата престанува да работи поради електричен дефект или прекин на струја и е блокирана цела со што граѓаните остануваат заглавени во кабините во воздух. Во такви услови се ангажираат обучени тимови за интервенирање во ваков тип на инциденти со цел безбедно и координирано да ги евакуираат патниците останати во кабините.
- Преку ваквите вежби се стремиме да ги подобриме капацитетите на полицијата за навремено и ефикасно реагирање при слични кризни настани, како и да се зајакне меѓусебната координација, во насока на поголема заштита и безбедност на граѓаните, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Ново на Сител
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот