Тошковски: Одделот за заштита на личности и објекти е столб на институционалната безбедност

Припадниците на Одделот за заштита на личности и објекти со децении демонстрираат професионалност, дисциплина и висока подготвеност во извршувањето на задачите, често во сложени и чувствителни околности, при што нивната работа, иако најчесто надвор од вниманието на јавноста, е од суштинско значење за непречено функционирање на институциите и одржување на стабилноста и безбедноста. Ова го истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој денеска присуствуваше на одбележувањето на 18 февруари - денот на формирањето на Одделот за заштита на определени личности и објекти, организациска единица со долгогодишен континуитет и значајна улога во системот на националната безбедност.
- Во текот на 2025 година реализирани се обезбедувања на 61 делегација и 153 меѓународни и домашни настани, оценети со највисоки оценки од нашите меѓународни партнери. Тоа е потврда дека македонската полиција стои рамо до рамо со најдобрите и работи во согласност со највисоките професионални стандарди - потенцира министерот Тошковски, стои во соопштението на МВР.
Тој нагласи дека во услови на променлива и комплексна безбедносна средина приоритет на раководството останува континуираното унапредување на условите за работа, вложувањето во обуки, модернизацијата на опремата и јакнењето на институционалната поддршка.
Министерот Тошковски упати благодарност до сегашните и до поранешните припадници на Одделот за нивната одговорност и професионален пристап истакнувајќи дека нивната работа претставува значаен дел од вкупниот капацитет на Министерството за внатрешни работи и директно придонесува за зголемување на довербата во институциите, стои во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
