Тошковски: Придобивките од „One Stop“ веќе се видливи, на Табановце се чека околу 30 минути

Придобивките од „One stop“ се веќе видливи, потенцираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговата Фејсбук-страница, по денешното промовирање на системот на граничниот премин „Ќафасан“.
-Денеска на ГП „Ќафасан“, во присуство на премиерите Христијан Мицкоски и Еди Рама, го промовиравме системот „One stop“ за заедничка гранична контрола меѓу Македонија и Албанија. Со ова го заокружуваме процесот на воспоставување на системот „One stop“ со нашите соседи надвор од Шенген-зоната, по претходната имплементација со Србија и Косово. Придобивките од овој модел веќе се видливи. На ГП „Табановце“, по воведувањето на „One stop“, времето на чекање во одредени периоди се намали од неколку часа на околу 30 минути и покрај зголемениот патнички сообраќај за 15 до 20 проценти - истакна министерот во објавата.
Тој нагласи дека истото се очекува и на ГП „Ќафасан“ - побрз проток на патници и возила, помалку непотребни задржувања, поедноставени процедури и подобра координација меѓу граничните служби.
Министерот додаде дека целта е граѓаните да поминуваат помалку време на границите, а граничните контроли да останат ефикасни и безбедни.
-Продолжуваме со модернизација на граничните премини, дигитализација и зајакнување на регионалната соработка. Бидејќи секое скратено чекање значи повеќе време за граѓаните, полесно патување и подобри услови за туризмот и економијата - порача министерот.
Позитивните искуства од заедничките контроли со Србија, како и од граничните премини Блаце – Хани и Елезит и Јажинце – Глобочица со Република Косово, како што посочи, претставуваат основа за натамошно унапредување на граничното управување и со Република Албанија.
Со новиот систем на Ќафасан се овозможува координирано спроведување на граничните проверки на едно место, со што се избегнува непотребното повторување на процедурите и се создаваат услови за побрз и поефикасен премин на границата.
-Ова е особено значајно за граѓаните на двете држави, за туристите и за превозниците, имајќи го предвид интензивниот сообраќај на овој граничен премин, особено во летната туристичка сезона. Покрај олеснувањето на патувањето, системот придонесува и за подобра координација меѓу граничните служби, поефикасна размена на информации и зајакнување на прекуграничната соработка истакна министерот.
Министерството за внатрешни работи, како што посочи, продолжува со активности за модернизација на граничните премини, дигитализација на процедурите и унапредување на соработката со соседните држави, со цел обезбедување побрз проток на патници и стоки, повисоко ниво на безбедност и подобри услуги за граѓаните.
Воведувањето на „One Stop“ со Албанија е уште еден конкретен резултат на регионалната соработка и потврда дека со заеднички решенија границите можат да станат побрзи, поефикасни и побезбедни.
МИА
Ново на Сител
-

Левица: Се кратат пари од граѓаните за сметка на парите предвидени за НАТО
-

Одбележан Светскиот ден на детето
-

Законот за плажи до новата туристичка сезона
-

Се очекуваат нови вработувања поголеми блок дотации од државата за Домот за стари лица во Прилеп
-

Собраниската надзорна расправа за Алта банка продолжува следната недела
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, главен извршен директор на Македонски Телеком
-

Декларација за мир потпишана на историската средба меѓу претседателите на САД, Русија и Кина
-

Истражните органи влегоа во Макстил – Се проверува дали фабриката загадува надвор од дозволените параметри
