Товарен воз излета од шините кај Риека, 11 вагони завршија во провалија

Товарен воз на компанијата „Трансагент“, натоварен со жито, излетал вчера од шините на влезот во железничката станица Меја кај Риека, при што 11 вагони завршија во провалија, соопштија хрватските власти. Во несреќата нема повредени, но е предизвикана голема материјална штета, поради што станицата е затворена за сообраќај.
Како што соопшти компанијата „ХЖ инфраструктура“, несреќата се случила вчера утрото во 9:25 часот додека возот се движел кон Риека. Според досегашните информации, машиновозачот непосредно пред излетувањето го известил диспечерот дека на возот му откажале сопирачките и дека не може да го запре.
Набргу потоа, композицијата излетала од шините на самиот влез во станицата. Единаесет вагони паднале во провалијата, додека локомотивата и два вагона останале на пругата во станицата.
Поради обемот на штетата и отстранувањето на последиците од несреќата, железничката станица Меја останува целосно затворена за сообраќај.
МИА
Ново на Сител
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
-

Голем интерес за викенд куќи под Беласица, Ново Село од 13 парцели инкасираше 5,7 милиони денари
-

Наскоро се очекува да профункционира домот за стари лица во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
