Трае потрагата по 28 годишниот Мартин - Семејството не губи надеж
Рокот за потрага измина, но попладнево министрите за надворешни на Македонија и Грција договорија и утре да продолжи потрагата по Мартин Јовановски. Неговиот брат денеска прв побара од македонските власти да помогнат за продолжување на спасувачката акција.
„Веруваме и се надеваме дека Мартин е жив и ја чека нашата помош и затоа апелираме до Македонската влада и нашето МНР да помогнат да се најде начин да продолжи потрагата по Мартин, бидејќи, според грчките закони, потрагата од нив ќе заврши денеска на четвртиот ден“
Во телефонскиот разговор, Османи од својот грчки колега, Дендијас, бил запознаен со потрагата на грчките служби, а бил информиран и дека акцијата ќе продолжи и надвор од законскиот рок за спроведување на такви претраги.
„За време на разговорот, Осамани замоли за продолжување на потрагата и покрај изминувањето на редовниот рок, при што беше информиран од својот колега дека е донесена одлука со која се продолжува потрагата по исчезнатиот“, велат од македонското МНР.
Денеска пак, болницата во Солун ја напушти Иван кој 20 часа мина во водите на Егејското море.
Спасувачката акција почна во саботата попладне откако тројцата пријатели на плажата во Посиди влегле во морето, но биле повлечени од силните морски струи.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
