Трагедија на патот Охрид-Кичево: Удрил во глутница кучиња, автомобилот се запалил – возачот загина

Возач го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на магистралниот пат Охрид-Кичево, откако автомобилот со кој управувал удрил во кучиња скитници, а потоа во металните браници покрај патот и се запалил.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во СВР Охрид во 23:30 часот. Станува збор за автомобил „хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки.
По ударот во кучињата, возилото удрило и во металните браници на патот, по што избувнал пожар.
На местото интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, која го изгаснала пожарот. Во изгореното возило било пронајдено телото на починатиот возач.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на Судска медицина за обдукција и утврдување на идентитетот.
Увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Охрид. Додека траел увидот, сообраќајот на магистралниот пат бил пренасочен преку регионалниот пат Охрид-Струга.
Ново на Сител
-

28 питомци со свечена воена заклетва
-

За два дена над 800 граѓани од ризичните групи вакцинирани против грип
-

Преглед на вестите од светот
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
