Трајно вработување на 1117 вработени во здравството со договор на дело
Се решава статусот на најголемиот дел вработени со здравството со договор на дело. Со одлука на Влада трајно вработување ќе добијат 1117 медицински и технички кадар, хигиеничари, возачи... Решение на неопределено нема да добијат сите околу 2000 “договорци”. Според властите бројката е согласно потребите на болниците и клиниките. Министерот за здравство ги повика сите менаџери да ги имаат во предвид кадрите кои повеќе од 5 -6 години биле ангажирани во установата, но сепак согласно законот донесен од претходната власт директорот има дискреционо право на кого да даде решение. Тоа може да биде и најслабо рангираниот кандидат.
- Апел до менаџерите на сите чесни и работници да им се даде предност, изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.
За огласот на Клиниката за гинекологија на кој се бараат лекари од конкретни националности турска, ромска и албанска, а кој наиде на реакции на социјалните мрежи, за Премиерот и министерот се било законски според правична застапеност на етничките заедници. На прашањето - дали лекува стручноста или националноста и двајцата се согласни дека искуството и знаењето се најважни, но не размислуваат да покренат законски измени.
- Јас не можам стручно да одговорам. Законот, тоа е законот. Значи, огласот мора да е според законот. Инаку, да, јас сум кажал многу пати етничка припадност не може да биде професија. Етничка припадност е професија само на Западен Балкан, никаде на друго место, изјави Премиерот Димитар Ковачевски.
- Ова е законот, но знаењето и искуството се пред сè, рече Меџити
Бројните вработувањата периодов, вклучително и овие во здравството, за ВМРО-ДПМНЕ е изборен поткуп и манипулација.
- 7 години СДС и ДУИ се власт, 7 години лекарите, специјализантите, медицинскиот персонал се борат за своите права, за вработување или за подобри услови. 7 години тие се игнорирани. Сега кога власта на СДС и ДУИ е пред заминување на 4 месеци пред избори покажуваат лажна загриженост. Намерата на Ковачевски не е искрена и е потценување на медицинските лица, изјави на пресконференција Марија Митева, портпарол на ВМРО ДПМНЕ
Трајното вработување на ангажираните со договор на дело во здравството за министерот Меџити пак, било меѓу приоритетите кога стапил на функција пред точно 9 месеци.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар