Трамп: Американските сили ќе се повлечат од Иран „многу брзо“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека американските сили ќе се повлечат од Иран „многу брзо“, но дека може да се вратат за индивидуални операции.
Во интервју за Ројтерс, Трамп не прецизираше кога точно ќе заврши американското учество во војната против Иран.
„Тие немаат нуклеарно оружје, бидејќи не се способни да го развијат во моментов, па ќе се повлечам, ќе ги земам сите со мене, а ако мора да се вратиме, ќе се вратиме за индивидуални напади“, рече Трамп.
Според неговите зборови, Иран „дури и не сака да има нуклеарно оружје“.
Тој најави дека за време на претстојното обраќање до нацијата ќе го изрази своето „згрозување“ од земјите-членки на НАТО, односно од нивното одбивање да се приклучат на војната на САД и Израел против Иран.
Трамп додаде дека „апсолутно“ размислува за излегување на САД од Алијансата.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, објави дека Трамп ќе се обрати до нацијата за војната против Иран, а потоа ќе даде „важни информации“.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
