Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изрази загриженост за порастот на антисемитизмот во САД, споредувајќи ја сегашната ситуација со Германија во 1938 година.
-Никогаш не помислив дека ќе го видиме ова. Ова е како Германија во 1938 година – рече Трамп во интервју, коментирајќи ги нападите врз Евреите и другите форми на расно мотивирано насилство.
Тој оцени дека порастот на антисемитизмот започнал за време на мандатот на поранешниот претседател Барак Обама и продолжува, додавајќи дека неговата администрација презема мерки против овој феномен.
Конкретно, тој ги спомена универзитетите и образовните институции, наведувајќи дека се преземаат мерки против одредени институции, вклучувајќи го и Универзитетот Харвард, поради обвинувања за антисемитизам.
На прашањето дали ФБИ има специјална работна група за борба против антисемитизмот, Трамп рече да.
-Постои, и се користи – рече американскиот претседател.
Зборувајќи за Израел, Трамп повтори дека се смета себеси за најпроизраелски ориентиран претседател во историјата на САД.
-Јас сум. Многу сум наклонет кон Израел, рече Трамп, тврдејќи дека ужива поддршка од 99 проценти од израелските граѓани и додавајќи, со шеговит тон, дека по завршувањето на мандатот би можел да оди во оваа земја и да стане премиер.
Осврнувајќи се на односите со Израел, Трамп ги отфрли тврдењата дека неговиот став кон земјата се променил и повтори дека останува цврст поддржувач на земјата.
МИА
Ново на Сител
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ бара утре да продолжи надзoрната расправа за Aлта банка
-

СДСМ поднесе кривична против гувернерот за Алта банка
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК најавува поефикасен прогон, Алта банка е меѓу темите што се следат
-

Радев: Проблемите на Бугарите во Mакедонија се влошуваат
-

Заедничко одбележување на Германија и Франција во Прилеп: Темел на денешна Европа е токму ова заедничко чествување
-

Нов сомнителен случај на морбили, се чекаат резултатите од лабораториските анализи во ИЈЗ
