Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека е близу до постигнување договор за завршување на војната во Појасот Газа и за враќање на заложниците кои ги држи Хамас.
– Изгледа дека имаме договор за Газа. Мислам дека тоа е договор кој ќе ги врати заложниците дома и ќе стави крај на војната, изјави Трамп, без да открие повеќе детали.
САД претходно претставија мировен план со 21 точка за Блискиот Исток, чија цел е да се стави крај на речиси двегодишниот конфликт меѓу Израел и Хамас. Планот беше објавен во време на општополитичките дебати на 80. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк, на кои учествуваа светските лидери.
Предлогот во вторник бил доставен до Саудиска Арабија, ОАЕ, Катар, Египет, Јордан, Турција, Индонезија и Пакистан, соопшти специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф.
Трамп, кој останува најцврст сојузник на Израел на меѓународната сцена, денеска изјави дека разговарал со претставници на блискоисточните земји, како и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Ново на Сител
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
