Трамп: ЕУ има рок до 4 јули за трговскиот договор, во спротивно следуваат повисоки царини

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, и додаде дека на Европската Унија ѝ дал рок до 4 јули да го исполни својот дел од трговскиот договор со САД, во спротивно американските царини за европскиот блок ќе достигнат значително повисоки нивоа.
Трамп разговорот со Фон дер Лајен го оцени како „одличен“ и посочи дека разговарале за повеќе прашања, вклучително и за Иран, при што се согласиле дека Техеран не смее да располага со нуклеарно оружје.
Американскиот претседател нагласи дека ЕУ има рок да го спроведе трговскиот договор до 250-годишнината од основањето на САД, што годинава ќе биде одбележана на националниот празник – 4 Јули.
На 1 мај Трамп објави дека американските царини за автомобили и камиони увезени од ЕУ ќе бидат зголемени на 25 проценти, наведувајќи дека Унијата не го почитувала билатералниот трговски договор. Во моментов царините изнесуваат 15 проценти.
Еврокомесарот за трговија Марош Шефчовиќ вчера изрази оптимизам по разговорите со американскиот трговски претставник Џејмисон Грир, оценувајќи дека двете страни треба да го реализираат трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кој беше договорен во јули минатата година.
Можното зголемување на царините силно би ја погодило германската автомобилска индустрија.
МИА
Ново на Сител
-

Николсоки: Градежништвото е силен двигател на македонската економија
-

Белата куќа на сајтот објави видео-игри, во едната ловите мигранти во друга градите ѕид
-

Шкрипите со забите додека спиете? Околу 10 отсто од луѓето имаат бруксизам, а повеќето не се ни свесни
-

Скопскиот аеродром со 11. награда ASQ за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“
-

Нова надеж за трансплантациите: Бубрег од свиња функционирал 271 ден во телото на пациент и го ослободил од дијализа
-

Конфликтот во Иран не е „војна“, сообраќајот низ Ормуската Теснина речиси нормализиран, изјави Венс
-

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ во Скопје во чест на 35 години независност
-

Вкупно 31 пожар на отворен простор е регистриран до изутринава
