Трамп го коментира нарушувањето на полскиот воздушен простор
Доналд Трамп го забележа „нарушувањето на полскиот воздушен простор“ од страна на Русија во порака, напишана со речиси лежерен тон, објавена на неговата социјална мрежа „Truth Social“.
„Што се случува со Русија што го нарушува полскиот воздушен простор со дронови?“, напиша американскиот претседател во својата прва и кратка реакција откако НАТО помогна во пресретнувањето на дроновите. Западот верува дека тие биле намерно испратени ноќе од Русија.
Утрово, полскиот премиер Доналд Туск изјави дека неговата земја ги активирала сопствените средства за воздушна одбрана и средствата на НАТО за да ги соборидроновите што влегле во нејзиниот воздушен простор по рускиот воздушен напад врз западна Украина. Заменик-премиерот на Полска го нарече нарушувањето на полскиот воздушен простор „чин на агресија“, а подоцна во текот на денот Варшава побара консултации според Член 4 од договорот за НАТО. Полскиот заменик-премиер Кшиштоф Гавковски го опиша инцидентот како „планиран потег на Русија“.
Руското министерство за одбрана соопшти дека не планирало напади врз полски цели, додека рускиот вршител на должноста во Варшава рече дека дроновите дошле од Украина и ја обвини полската влада за „антируски расположенија“.
Официјален претставник на Белата куќа изјави дека Трамп ќе разговара со неговиот полски колега Карол Навроцки подоцна денеска.
Полска употреби оружје утрово за да собори цели по повеќекратните повреди на воздушниот простор за време на рускиот напад врз Украина, изјави премиерот Доналд Туск.
Ново на Сител
-
Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина, има индиции дека пожарот е подметнат
-
Продолжи судењето за „Онкологија“, денеска се слушаат искази на сведоци
-
Тешко повреден 16-годишник на мопед откако автомобил удрил во него
-
21-годишник од Неготино криумчарел пет мигранти
-
Мицкоски: Првпат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива
-
„Нeшто што ќе остане“ на 13 септември во Паркот на франкофонијата
-
Депонијата Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина
-
Жена од кавадаречко предизвикала пожар на отворено палејќи стари предмети