Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран денеска ќе биде „силно погоден“, додавајќи дека земјата веќе е „жестоко опустошена“ по американските и израелските напади.
Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“, Трамп наведе дека иранскиот претседател Масуд Пезешкијан претходно им се извинил на земјите од Персискиот Залив и на други држави за нападите извршени на нивна територија.
„Ова извинување беше дадено поради безмилосните американски и израелски напади“, напиша Трамп, обвинувајќи го Иран дека се обидува да „го преземе и контролира Блискиот Исток“.
„Иран повеќе нема да биде ‘насилникот на Блискиот Исток’, туку ‘губитникот на Блискиот Исток’. Така ќе биде многу децении, сè додека не се предадат или, поверојатно, целосно не ‘се распаднат’“, додаде тој.
Американскиот претседател изјави и дека уште ирански високи претставници би можеле да станат цел на нови напади.
МИА
Ново на Сител
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
-

Клучни членки на ЕУ се против предлогот за прием на нови држави без право на глас?
-

Секој пациент ќе има електронско досие - нема веќе хартии во папка
-

Укината забраната за пиење на водата во Струга
-

Андоновски: Законски измени или промена на правилникот - мора да се разјасни што е платформа или што е креатор на содржини
-

Пукал кон сопругата, се заканувал и тепал ќерка – нов случај на семејно насилство во Скопје
