Македонија
6. March 2026 - 16:36
Укината забраната за пиење на водата во Струга
Укината е забраната за пиење на водата од градскиот водовод во Струга но сепак граѓаните внимателно да ја користат.Од Центарот за јавно здравје велат дека иако последните анализи покажале дека матноста е во граници нa нормалата сепак состојбата ќе се следи
Анализите постојано се менуваат , два дена се нормализира состојбата но веќе третиот повторно покажуваат зголемена матност, која не ги исполнува безбедносните стандарди .
Водата од градскиот водовор во Струга беше забранета за пиење речиси месец дена поради голема матност во изворот во „Шум“ од каде градот и околните села се снабдуваат со вода.
Загадувањето на водата во Струга е под лупа и на обвинителството, две фирми од Велешта добија забрана за работа.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
