Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не започнува нова војна со Иран, нагласувајќи дека во таков случај Израел би можел да остане без американска поддршка.
Во интервју за американскиот политички портал „Аксиос“ Трамп вели дека на Нетанјаху му порачал да биде внимателен.
„Му реков: ‘Биби, подобро внимавај, инаку многу брзо ќе останеш сам’“, изјавил Трамп.
Трамп воедно ги отфрли тврдењата дека евентуалното започнување војна со Иран би било во спротивност со неговото предизборно ветување за „нема нови војни“, кое често го истакнуваше за време на кампањата за Белата куќа.
Изјавите на американскиот претседател доаѓаат неколку часа пред Израел и Иран да разменат одмазднички напади, што повторно ги зголеми стравувањата од поширок регионален конфликт на Блискиот Исток.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
