Трамп им честиташе на демократите по поразот на републиканците на меѓуизборите во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп им честиташе на демократите за нивниот резултат на меѓуизборите по серијата порази на републиканците.
- Епа, го велам ова: честитки за демократите. Сработија добра работа, изјави Трамп за телевизијата Fox News.
Тој додаде дека демократите долго време работеле кон овој момент.
Сепак, Трамп ја отфрли идејата дека резултатите претставуваат негов личен пораз.
- Јас не бев на гласачкото ливче, напиша тој претходно на социјалната мрежа Truth Social.
Демократите освоија контрола врз двата дома на Конгресот, според проекциите на американските телевизиски мрежи, преземајќи повеќе сенаторски места кои претходно ги држеа републиканците и остварувајќи значителен напредок во Претставничкиот дом.
Резултатите претставуваат голем неуспех за Трамп, кој лично водеше кампања за повеќе републикански кандидати.
МИА
Ново на Сител
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
