Трамп изјави дека Путин можеби „малку“ му помага на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да му нуди ограничена поддршка на Иран за време на тековната војна меѓу Вашингтон и Техеран.
Во интервју за Фокс Њуз, американскиот претседател беше прашан дали Москва можеби му помага на Иран, пренесе Ал Џезира.
– Мислам дека тој можеби им помага малку, да, претпоставувам. И тој веројатно мисли дека ние и помагаме на Украина, нели – рече Трамп.
Коментарите доаѓаат во време кога Вашингтон се соочува со сè почести критики поради извештаите дека Русија можеби споделила разузнавачки информации со Иран што би можеле да се искористат против американските сили.
Белата куќа претходно ги минимизираше тие тврдења. Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф претходно оваа недела изјави дека Москва ги негирала обвинувањата, додавајќи дека „можеме да им веруваме на зборот“.
Коментарите на Трамп доаѓаат и во момент кога САД се подготвуваат да ги олеснат санкциите за руската нафта додека цените на горивата растат во услови на војна на Блискиот Исток.
МИА
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
