Трамп: Куба е на „раб на пропаст“

Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера изјави дека социјалистичка Куба се движи кон пропаст.
- Куба навистина е нација, која е многу блиску до пропаст. Социјалистичката карипска држава порано ги добиваше своите пари и нафта од Венецуела. Но, повеќе не добива, истакна Трамп при посетата на американската сојузна држава Ајова.
Откако на почетокот на годината американските сили го уапсија претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, администрацијата на Трамп ја заостри реториката против комунистичката Влада на Куба.
Трамп ја повика Куба да склучи договор „пред да биде предоцна“.
Односите помеѓу Хавана и Вашингтон се тензични повеќе децении. Куба сега се соочува со најлошата економска криза од револуцијата на Фидел Кастро во 1959 година и се бори со недостиг на гориво.
Иако испораките на венецуелска нафта се намалија изминатите години и се надополнуваат од Русија и Мексико, кубанската економија би можела целосно да се распадне ако САД целосно ја стопираат венецуелска нафта за Куба.
Ново на Сител
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
