Трамп најави нови царини, меѓу кои и за Кина и ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно предложи воведување нови царини за главните трговски партнери, вклучително и за Кина. Со тоа тој сигнализира дека останува посветен на своите протекционистички политики, и покрај поразот на Републиканската партија на среднорочните изборите.
Администрацијата предложи воведување царини за 14 трговски партнери, со цел да се реши проблемот, што таа го опишува како, структурен вишок на индустриски капацитети.
Таа предложи воведување царини за Кина, Бангладеш, Камбоџа, Европската Унија, Индија, Индонезија, Јапонија, Јужна Кореја, Малезија, Сингапур, Швајцарија, Тајван, Тајланд и Виетнам.
Највисока царинска стапка од 20 отсто би се применувала за Кина, која Вашингтон ја обвинува дека ги преплавува глобалните пазари со евтини производи, од челик па сè до електрични возила и соларни производи, а царините за одредени производи од ЕУ би се зголемиле на 15 проценти.
Трамп, откога ја презеде функцијата во јануари 2025 година, воведе опсежни царини за клучните трговски партнери на САД, тврдејќи дека тие ќе помогнат во зајакнувањето на американското производство и зачувувањето на работните места. Но, Врховниот суд поништи повеќето од тие царини.
Предлогот сега ќе биде предмет на јавни расправи пред да се донесе каква било одлука, а според еден американски функционер, малку е веројатно дека царините ќе стапат во сила пред јануари.
МИА
Ново на Сител
-

Надзорна расправа за Алта банка
-

Мицкоски пред патувањето во Брисел: Одбивам разговори за билатерални прашања
-

Дебата за новиот Кривичен законик, има ли простор за неказнивост?
-

Со два специјални закони до поевтини домови за млади брачни парови
-

Клучните закони за спречување на насилството се закочени во Парламентот
-

„Своја на своето“ - кампања против насилството
-

Владата мобилизираше шест институции за решавање на проблемот со кравите во Крива Паланка
-

Преглед на вестите од светот
