Трамп не го напуштил самитот на Г7 поради конфликтот меѓу Израел и Иран, го обвинува Макрон за лажно претставување на работите

Американскиот претседател Доналд Трамп увери дека не го напуштил самитот на Г7 во Канада пред неговиот крај поради конфликтот меѓу Израел и Иран и остро го критикуваше својот француски колега Емануел Макрон за тоа што ги претставува работите на тој начин.
- Претседателот Емануел Макрон од Франција, за публицитет, лажно тврдеше дека го напуштив самитот на Г7 во Канада за да се вратам во Вашингтон за да работам на „прекин на огнот“ меѓу Израел и Иран. Ова не е вистина! Тој не знае зошто сега сум на пат кон Вашингтон, но (моето заминување) сигурно нема никаква врска со прекин на огнот. (Причината) е многу поважна. Свесно или не, Емануел никогаш не разбира“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Претходно, Белата куќа соопшти дека американскиот претседател ќе го напушти самитот на Г7 предвреме поради конфликтот меѓу Израел и Иран.
Ново на Сител
-

Охрид со богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници
-

Бизнисот и науката во спрега за развој на циркуларната економија
-

Домаќинствата во Струмица добиваат можност да аплицираат за зелени грантови
-

Преглед на вестите од светот
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
