Трамп објави пакет субвенции од 12 милијарди долари за американските фармери

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска објави пакет субвенции од 12 милијарди долари за помош на земјоделските производители, пренесе ДПА.
Во изјава дадена во Белата куќа, Трамп рече дека земјоделските производители гласале за него и дека тие се ‘рбетот на земјата. – Дванаесет милијарди долари се многу пари, нагласи тој и додаде дека дополнителната помош ќе влее доверба кај фармерите. Според Трамп, парите доаѓаат од приходите од царините.
Министерката за земјоделство на САД, Брук Ролинс, објави дека парите ќе им бидат исплатени на фармерите до крајот на февруари. Министерката прецизираше дека 11 милијарди долари ќе бидат доделени на земјоделци кои одгледуваат пченка, соја, пченица, ориз и памук. Останатите една милијарда долари ќе бидат резервиран за други категории фармери.
Белата куќа го опиша пакетот како помош за фармерите кои настрадале од високите трошоци и поддршката на претходната администрација на Џо Бајден за програми за различност, еднаквост и вклучување.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
