Трамп: Одборот за мир би можел да стане едно од највлијателните тела некогаш основани

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави во Давос дека неговиот Одбор за мир има потенцијал да стане едно од највлијателните тела некогаш основани додавајќи дека му е голема чест што е на чело на тоа тело.
Говорејќи на церемонијата по повод основањето на Одборот за мир, Трамп рече дека иницијативата функционира извонредно и тврдеше дека речиси секоја земја сака да се вклучи.
Во продолжение на говорот Трамп тврдеше дека глобалните закани навистина се смируваат. Истакнувајќи ги своите потези на меѓународната сцена, ги спомна минатогодишните летни напади врз иранските нуклеарни постројки за кои рече дека го уништиле иранскиот нуклеарен капацитет. Тој додаде дека Иран сака да разговара и дека ќе разговара, а потоа се осврна и на операциите против Исламската држава во Сирија.
- Се случуваат многу добри работи - рече Трамп тврдејќи дека заканите за Европа, Америка и за Блискиот Исток значително се намалуваат.
- Пред само една година светот буквално беше во пламен, а многу луѓе тоа дури и не го знаеја - додаде тој.
Трамп го повтори тврдењето дека од доаѓањето на власт решил осум војни и изрази уверување дека набргу ќе биде постигнат уште еден договор. Говорејќи за војната во Украина, тој рече: „Оној за кој мислев дека ќе биде едноставен, се покажа веројатно како најтежок“.
На крајот им се заблагодари на учесниците на церемонијата, меѓу кои е и поранешниот британски премиер Тони Блер. „Ти благодарам, Тони, што си овде. Го цениме тоа“, рече Трамп.
Претходно во обраќањето, Трамп церемонијата ја нарече „многу возбудлив ден, кој долго се подготвуваше“ повторувајќи го тврдењето дека сите сакаат да бидат дел од Одборот за мир и додаде дека САД ќе продолжат да соработуваат со многумина, вклучително и со Обединетите нации.
Ново на Сител
-

СДСМ нема да ги гласа измените на Законот за прекршоци за Сејф сити
-

Утврдени кандидатите за новата ДИК
-

Минчев најавува реформи во државната служба - нема веќе доживотни и недопирливи функции
-

Мицкоски од Давос: Инвестиција од 100 милиони евра во развој на трет мобилен оператор
-

Синдикатите излегуваат на протест на 28 јануари за повисоки плати
-

Првиот долгометражен филм на Косара Митиќ „17“ ќе има своја премиера на 76. Берлински фимски фестивал
-

Македонија под снег, надлежните уверуваат дека сите патишта се проодни
-

Мицкоски во Давос ги презентира можностите за инвестирање во Македонија
