Трамп повторно се заканува дека ќе ја преземе контролата врз „ужасниот“ Вашингтон
Американскиот претседател Доналд Трамп постојано повторува дека Вашингтон е „валкан град со раширен криминал“. Тој вчера повторно се закани дека ќе ја преземе контролата врз федералниот главен град, кој е во рацете на демократската опозиција.
-Размислуваме за тоа, да, бидејќи криминалот е вртоглав, одговори тој на новинарите кои го прашаа за можноста Белата куќа да ја преземе контролата врз градските институции, особено полицијата.
„Сакаме голем главен град кој е безбеден и ќе го имаме… Стапката на криминал, нападите, убиствата и сè друго… нема да го оставиме тоа да помине, а тоа значи повикување на Националната гарда, можеби многу наскоро, предупреди Трамп, осврнувајќи се на федералната војска што неодамна ја распореди во Лос Анџелес, спротивно на желбите на демократскиот гувернер на Калифорнија, Гевин Њусом.
Закон од 1973 година му дава на Вашингтон сопствен законодавен дом и градоначалник, избран со гласање, како и свои полициски сили.
Конгресот на САД, каде што е претставен Дистриктот Колумбија, но без право на глас, го има последниот збор за тоа како се управува со градот.
Републиканскиот милијардер од Њујорк, кој никогаш не го криел своето неодобрување кон Вашингтон, со години ветува дека ќе „ја преземе контролата“ врз главниот град.
-Ако Вашингтон не дејствува координирано и брзо, нема да имаме друг избор освен да ја преземеме контролата врз градот и „да го водиме правилно“, рече Трамп на социјалните медиуми во вторникот.
Во март, претседателот дури издаде и извршна наредба за да го направи Вашингтон безбеден и убав град.
Градот има турбулентна политичка и социјална историја, а во 1980-тите и 1990-тите – висок криминал. Но, бројот на кривични дела и прекршоци се намали за 26 отсто во првата половина од оваа година, откако во 2024 година криминалот достигна најниско ниво во последните три децении, според официјалната статистика.
-Претседателите немаат овластување да ја преземат контролата врз Вашингтон. Конгресот ќе мора да донесе закон, изјави претставничката на округот во Претставничкиот дом, Елеонор Холмс Нортон, на „Х“.
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борис Кондарко - Претседател на ДИК
-
Опозицијата бара кривична одговорност за началникот, Мицкоски вели ако се огрешил ќе одговара
-
Мицкоски контра Меџити - Убивањето на безбедносните сили од заседа во 2001 не може да е разумно
-
Упатство на ДИК за независните ќе биде без број на потписи и без заверка од нотар
-
Општините потрошиле рекордни 190 милиони евра преку тендери
-
Не исправна е одлуката на министерот за одземање на ингеренциите на Стоматолошката комора тврди претседателот
-
1.118 матуранти неделава повторно на „жешките“ столчиња
-
Преглед на вестите од светот