Трамп размислува за ограничени напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп и неговите блиски соработници размислуваат за извршување ограничени напади во Ормуска Теснина за да го спречат Иран да ги обнови своите радарски и ракетни капацитети за напад врз бродови, објави американскиот портал Аксиос, повикувајќи се на три неименувани американски функционери.
Планот за ограничени напади, како што наведе порталот, бил подготвен од Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) изминатата недела и одобрен од министерот за одбрана Пит Хегсет, но не и од Трамп.
Аксиос наведува дека Трамп, по новата ескалација, би можел да даде „зелено светло“.
Според неименуваните извори, САД сака да го намали ризикот од ирански напади врз танкери за нафта и врз американските бродови и авиони.
Белата куќа соопшти дека „претседателот ги држи сите опции отворени. Иранците сакаат договор, но секогаш доцнат и не прават доволно“.
МИА
Ново на Сител
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
-

Груби обвинет за дело со пет години затвор, истрагата го сомничеше за проневера со казна до 20 години
-

Николоски: Протестите не се решение, со билатерални договори го решаваме проблемот на превозниците
-

„Везилка“ и студентите на ФИНКИ веќе развиваат алатки базирани на вештачка интелигенција
-

Ставен во употреба новиот АТМ систем на меѓународниот аеродром Скопје
-

Пецаков: Ова лето застапеност на туристи кои ретко доаѓале во Охрид
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
