Трамп: В понеделник ќе дадам „голема изјава“ за Русија
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа за Ен-Би-Си Њуз изјави дека в понеделник ќе даде „голема изјава“ за Русија, без да даде детали за тоа каква ќе биде таа.
Во последните денови, Трамп изрази разочарување од својот руски колега Владимир Путин во врска со војната во Украина.
-Мислам дека ќе дадам голема изјава в понеделник за Русија, изјави американскиот претседател.
Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал за подобрување на воздушната одбрана на земјата со двајцата американски сенатори кои предложија закон со кој се воведуваат построги санкции кон Москва.
Рано утрово, Зеленски напиша на Телеграм дека се сретнал со републиканецот Линдзи Греам и демократот Ричард Блументал во Рим.
-Наш приоритет во моментов е зајакнување на воздушната одбрана. Русија сака да нападне со 1.000 дронови одеднаш, рече тој. „Затоа е важно да се зајакне одбраната, особено со инвестирање во дронови-пресретнувачи. Зборуваме за континуирани испораки од Соединетите Американски Држави и заедничко производство на оружје“, додаде тој, додавајќи дека е подготвен да соработува со Европа за купување „големи американски пакети за одбрана за спасување животи“.
Вчера, Зеленски рече дека Украина ги добила сите потребни политички сигнали дека воената помош на САД ќе биде обновена откако беше суспендирана минатата недела.
Ново на Сител
-
Модерен систем за управување со администрацијата
-
Алиу: За прв пат по 10 години ажурирана позитивната листа
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација