Трамп за Венецуела: Нема да му биде дозволено да помине на никој кој не треба да помине

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека блокадата на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела значи дека „на никој кој не треба да поминува, нема да му биде дозволено да помине“.
„Се сеќавате, тие ги зедоа сите наши енергетски права, ја зедоа целата наша нафта не толку одамна и ние ја сакаме назад, но тие ја зедоа. Ја зедоа нелегално“, им рече Трамп на новинарите, пренесе Ен-Би-Си Њуз.
Трамп ноќеска објави дека започнала блокадата на танкерите за нафта на Венецуела и дека претседателот на оваа земја, Николас Мадуро, ги користи приходите од нафта за финансирање на нелегални операции, вклучително и „наркотероризам“.
Тензиите дополнително ескалираа минатата недела кога американските сили запленија танкер за нафта во водите во близина на Венецуела.
САД санкционираа тројца од внуците на Мадуро и постојано извршуваат смртоносни воени напади врз бродови во Карибите, тврдејќи дека нападите биле извршени затоа што тие превезувале дрога.
MИА
Ново на Сител
-

Опозицијата реагира дека предлог-казните за злоупотреба на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ биле ниски
-

Ахмети: Без извршен Бадентер, нема коалиција со идна Влада
-

СДСМ: Изолација од ЕУ, суспендирани исплатите од ИПАРД 3 поради корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Каде завршиле испраните 2 милиони евра од ЕСМ, во Мала Речица или Бихачка?
-

Нема договор за интервентно зголемување на минималната плата
-

Потпишан договор за инвестиции во енергетиката
-

Респираторните инфекции и загадениот воздух го зголемија бројот на болни деца на Детската клиника
-

Дедо Мраз и омилените детски ликови ги израдуваа хоспитализираните деца на детската клиника
