-->
-->
Трета победа за МКК Куманово, совладан тимот на Феникс
-->

Кошаркарите на МКК Куманово вечерва ја остварија и третата победа во шампионатот. Тие во дуелот од третото коло од „М-Тел“ Супер лигата на домашен терен ја совлада екипата на Феникс со 99:81. Победникот беше решен во вториот период, кој домашниот тим го доби со 29:10.
Кумановчани со оваа победа со максимален учинок се изедначија на врвот на табелата со екипата на ТФТ со по 6 бодови.
Најефикасни кај победникот беа Андрија Стевановиќ и Урош Луковиќ кои постигнаа по 22 поена, додека во тимот на Феникс 22 поена постигна Луал Рахама.
Овој натпревар првобитно требаше да се игра вчера, но поради технички проблеми беше пролонгиран за 24 часа.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Драстичен пад на странските инвестиции - дебакл на Мицкоски
-

Пуштена во сообраќај обиколницата околу Крива Паланка
-

Редовната проверка на пулсот може да спречи мозочен удар
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
