Третина од онлајн купувачите се пожалиле на проблеми при купувањето, најчесто за бавна испорака

Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.
Меѓу земјите на ЕУ, најголем процент на клиенти кои наишле на проблеми е забележан во Малта (64,0%), Холандија (57,9%) и Луксембург (51,4%).
Спротивно на тоа, најниски проценти се пријавен во Португалија (4,5%), Грција (10,6%) и Летонија (13,3%).

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите.
На побавна испорака од очекуваното, се пожалиле една петина од анкетираните (19,9%). Вториот најчест проблем е тоа што веб-страницата од која купувале била тешка за користење или работела незадоволително (11,5%), а трет била испораката на неточни или оштетени стоки или услуги (10,4%).
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Градот Скопје обезбеди 3 милиони евра за катни гаражи на Клинички
-

Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-

Инспектор на ДЗС: „Пулс“ не ги исполнувал условите за противпожарна заштита
-

Комеморативна седница за годишнина од пожарот во Кочани
-

Ако маркетите не си останат на зборот и почнат со поскапувања, државата веднаш да интервенира, велат од ОПМ
-

ВМРО - ДПМНЕ обвинува за синдикалните протести
-

Цената на нафтата повторно расте - Иран се закани: Ќе стигне до 200 долари
