Трето прекршување на примирјето меѓу САД и Иран

Американската војска потврди дека извршила нови воздушни напади врз цели во Иран, кои ги опиша како чин на „самоодбрана“ по неодамнешното соборување американско беспилотно летало.
Според Централната команда на САД (CENTCOM), цел на нападите биле ирански радарски системи, како и командни и контролни центри за управување со беспилотни летала во местото Горук и на островот Кешм, што се наоѓа во стратешки важната Ормуска Теснина.
Американската војска соопшти дека нападите претставуваат директен одговор на, како што наведува, „агресивните ирански активности“ во регионот. Како непосреден повод е посочено соборувањето на американско беспилотно летало од типот „MQ-1“, за кое Вашингтон тврди дека летало во меѓународен воздушен простор.
Последните напади претставуваат трето посериозно нарушување на примирјето меѓу САД и Иран договорено на почетокот на април. Во претходните два случаи и Техеран и Вашингтон настојуваа да го минимизираат значењето на меѓусебните воени дејствија, што овозможи формално да остане во сила договорениот прекин на огнот.
Најновата ескалација доаѓа во период кога се водат интензивни, но засега безуспешни дипломатски напори меѓу администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и иранското раководство.
Двете страни во изминатите недели се обидуваа да обезбедат траен прекин на огнот и договор за целосно обновување и безбедно одвивање на трговскиот сообраќај низ Ормуската Теснина, една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта. Сепак, најновите судири дополнително ја доведуваат во прашање можноста за продолжување на преговорите.
Ново на Сител
-

Утре средба Сиљановска-Давкова – Јотова во Софија, премиерот претпазлив
-

Снимки од заѕиданите пари: Обвинителството ги откри врските Ристов–Стафа–Пецов
-

Државата најверојатно сама ќе го гради Чебрен и Галиште
-

Нов клинички кај ГОБ “8 Септември”, а Медицинскиот факултет останува на сегашната локација
-

Владата најави мерки за граѓаните од следниот месец, ако цените продолжат да растат
-

Законот за заштита од пушење на цигари веќе е во собраниска процедура
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски најави почеток на градба на нов клинички центар на почетокот на идната година
