-->
-->
Три лица убиени во руски напади врз регионот Доњецк, една жртва и во Херсонската област
-->

Три лица загинаа синоќа во руски воздушен напад во градот Дружкивка во украинскиот регион Доњецк, соопшти Канцеларијата на регионалниот обвинител. Погодена била куќа, при што се повредени и две жени. Една жртва има и во руските напади во регионот Херсон.
„Руските сили ја нападнаа Дружкивка со воздушна бомба ‘ФАБ-250’. Убиени се две жени, на возраст од 71 и 74 години, и еден 56-годишен маж“, се вели во соопштението на обвинителството на регионот Доњецк.
Повредените жени се на возраст од 46 и 79 години.
Маж роден во 1954 година е жртвата во селото Красносилске во регионот Херсон, објави началникот на воената администрација на регионот Херсон, Олександр Прокудин,на својот „Телеграм“ профил.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
