Три лица завршија во притвор: Кроеле план за одмазда на нивните браќа кои биле осудени за тероризам

Три лица од Скопје завршија во притвор, откако МВР им поднесе кривична пријава за дело злосторничко здружување, бидејќи кроеле план да се одмаздат за своите браќа кои минатата година биле обвинети и осудени за кривично дело „терористичка организација“.
„Според досега прибраните докази, осомничените дејствувале организирано и координирано, како група со заедничка идеолошка определба, заснована на радикални исламистички наративи. Според сомненијата, се преземале активности за собирање парични средства од земјава и од странство за кои постои сомневање дека се користени за пропаганда и активности на исламската држава, како и за набавка на оружје. По наредба на судот, полицајци извршиле претреси во нивните домови и на други локации. Пронајдени се и одземени парчиња огнено оружје, електронски уреди и други материјални докази“, сопштија надлежните служби.
По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, поради постоење на законските основи предвидени во Законот за кривична постапка. ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против нив.
Габриела Лескова
Ново на Сител
-

Се уште нема приведени за протестите за одземените возила
-

МАНУ анализираше какви кандидати за судии и обвинители ќе се примаат
-

Нов смртен случај од компликации од грип
-

Смарт зелен бран ќе ги чини скопјани 25 милиони денари, Ѓорѓиевски ќе мести и CCTV камери за да се бори со вандалите
-

Ѓорѓиевски: Скопје излегува од финансиски колапс
-

Членовите на УПОЗ ќе одлучат дали понудата на Владата е прифатлива
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Советот на јавни обвинители ги чека предлозите од Владата
