Тројца кавадарчани приведени за семејно насилство и закани во еден ден

Еден кавадарчанец бил пријавен за закани кон тетка, друг за обид за напад врз сопругата со тврд предмет, а трет за закани и обид за напад врз таткото. Сите настани се случиле во еден ист ден, а тројцата биле лишени од слобода, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Вчера во 14:55 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишија од слобода 39-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом се заканувал на неговата 63-годишна тетка и со остар предмет оштетил предмети во домот. Предметот е пронајден и одземен, соопштија од СВР Велес.
Нешто подоцна, во 16:20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 37-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом се обидел со дрвен предмет да ја нападне неговата 38-годишна сопруга.
Истиот ден во 18:15 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 33-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом се заканувал на неговиот 57-годишен татко и се обидел да го нападне со дрвен предмет.
Сите тројца биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биле поднесени соодветни поднесоци.
МИА
Ново на Сител
-

Извештај на ЦУК за поплави и свлечишта во најкритичните места
-

Ризикот од поројните дождови поголем во урбаните средини
-

Штети од поплавите во кочанско
-

Од март стапува на сила поригорозен закон за заштита од пушењето - се забрануваат и електронските цигари
-

Цените на становите уриваат рекорди, ќе има ли стабилизација?
-

Масовните протести во Иран продолжуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
