Македонија
10. September 2025 - 12:59

Турчин тешко повреден додека работел во фабрика во неготинско

Вчера во ОВР Неготино било пријавено дека околу 11:00 часот во фабрика во село Дуброво, неготинско, при извршување на работни задачи, О.У.(42) од Република Турција се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино, појаснија од СВР Велес.

 

МИА