Турција ќе се придружи на потрагата по тела под урнатините во Газа

Турција ќе се придружи на потрагата по тела закопани под урнатините во Појасот Газа, испраќајќи тим експерти, соопштија денеска извори од Министерството за одбрана.
Пребарувањето го спроведуваат спасувачите на АФАД, турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.
„Тимот на АФАД ќе биде задолжен за потрага по тела“, изјави турски функционер.
Тој рече дека 81 член на АФАД веќе се во Газа под координација на Министерството за надворешни работи.
Спасувачите на агенцијата се навикнати да интервенираат на тежок терен, особено по бројните земјотреси што ја погодија Турција, како оној во февруари 2023 година на југоистокот на земјата, во кој загинаа најмалку 53.000 луѓе.
АФАД рече дека во последните години извршил мисии за спасување и хуманитарна помош во повеќе од 50 земји на пет континенти, вклучувајќи ги Сомалија, палестинските територии, Еквадор, Филипините, Непал, Јемен, Мозамбик и Чад.
МИА
Ново на Сител
-

Продолжува негативниот природен прираст
-

СДСМ избра ново раководство - голем дел од членовите остануваат на истите позиции
-

30 уреди за мерење на бучава ќе ловат кои угостителски објекти пуштаат гласна музика и ги вознемируваат граѓаните
-

Централниот одбор на СДСМ избира ново раководство на партијата
-

Тема на денот со Анџела Агелер, амбасадорка на САД во земјава
-

СДСМ вечерва бира ново раководство
-

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски си поднесе оставка
-

СДСМ ја напушти седницата за пратенички прашања – немало да разговараат за Резолуцијата на мнозинството
