Турците, Германците, Србите и Французите најбројни странски туристи во земјава

Во април годинава во земјава се евидентирани 97 358 туристи кои оствариле 174 649 ноќевања. Од вкупниот број туристи, 20.5 % се домашни, а 79.5 % се странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број ноќевања, 26.8 % се од домашните туристи, а 73.2 % од странски.
Во периодот јануари – април 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 3.5 %. Кај домашните туристи има намалување за 0.1 %, а кај странските зголемување за 4.8 %.
Вкупниот број на ноќевања, пак, е зголемен за 0.3 %, кај домашните туристи има намалување за 0.2 %, а кај странските зголемување за 0.6 %.
Најголем број од странските туристи биле од Турција (11 826), од Германија (11 463), од Србија (6 073) и од Франција (5 695).
МИА
Ново на Сител
-

Поскапуваат горивата
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската Амбасада
-

Марта Кос: Денеска е “Мега понеделник” за проширување на ЕУ – Украина и Молдавија ги почнуваат преговорите
-

Мицкоски: Украина и Молдавија немаат опозиција како СДСМ
-

Почна расправата за законот за правична застапеност
-

Фрчкоски: Две омилени тендерски фирми на ВМРО свртеле над 5,3 милиони евра за 2 години
-

Јавна трибина за подигнување на свесноста за органодонорство
-

Исплата на субвенции за земјоделците
