Туск со предупредување до Полјаците: Не подлегнувајте на руски дезинформации
Полското Министерство за дигитални работи, исто така, предупреди на ширење дезинформации и објави список со наративи што доаѓаат од руски и белоруски извори. Тие вклучуваат тврдења дека Украина сака да ја вовлече Полска во војна со Русија и дека токму Киев испратил дронови врз соседната држава. Министерството посочи дека тврдењето оти Полска е беспомошна пред дроновите е дел од руската пропаганда чија цел е ширење паника.
Полскиот премиер Доналд Туск ги предупреди граѓаните да не подлегнуваат на руските кампањи за дезинформација и да не учествуваат во нивното ширење, еден ден по навлегувањето на дронови во полскиот воздушен простор, јави ДПА.
„Ширењето на руската пропаганда и дезинформација во сегашната ситуација е чин што ѝ штети на полската држава и директно ја загрозува безбедноста на татковината и граѓаните“, напиша Туск на социјалната мрежа „Икс“.
Тој додаде дека „глупоста и одредени политички убедувања“ не смеат да се сметаат за олеснителни околности.
Полското Министерство за дигитални работи, исто така, предупреди на ширење дезинформации и објави список со наративи што доаѓаат од руски и белоруски извори.
Тие вклучуваат тврдења дека Украина сака да ја вовлече Полска во војна со Русија и дека токму Киев испратил дронови врз соседната држава. Министерството посочи дека тврдењето оти Полска е беспомошна пред дроновите е дел од руската пропаганда чија цел е ширење паника.
Вчера полскиот премиер соопшти дека најмалку 19 дрона влегле во полското воздушно пространство.
МИА
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално