Loading Video...
Балкан
23. јуни 2023 - 12:24

Уапсен уште еден Србин на Косово

Уапсен е уште еден Србин на Косово соопшти државната телевизија на Србија. Ова е осмо апсење откако стапија на функција новите градоначалници. Превозниците со српски регистрации и натаму се заглавени на граничниот премин. 

Шефот на европската дипломатија по одделните состаноци во Брисел со косовскиот премиер и српскиот претседател порача итно и безусловно да се преземат мерки за деескалација, но и да се организираат предвремени избори на Косово. Борел побара Србија да ги ослободи тројцата косовски полицајци. По средбата во Брисел косовскиот премиер етерираше и изјави дека се потребни нови избори, но Курти порача дека полициските акции на северот се реакција на разни насилни екстремисти кои ги напаѓале новинарите. Српскиот претседател Вучиќ обвини дека ситуацијата е многу тешка поради теророт кој косовскиот премиер го спроведува врз Србите во овие општини.