Уапсени две лица во Скопје поради прикривање на регистарските ознаки

На 13/14.02.2026 во периодот од 19:00 часот до 03:00 часот на подрачје на Центар и Бит Пазар во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје беа преземени соодветни мерки по претходно изготвен план за зајакнати активности за одржување на поволна безбедносна состојба на централно градско подрачје.
При тоа извршени се проверки на идентитет на 24 лица, преглед на 17 лица и преглед на четири возила. За време на контролата констатирани се седум сообраќајни прекршоци, одземени се две возила по член 378 и член 380 од Кривичниот законик.
Притоа лишени од слобода се двајца возачи, С.С. и М.А. кои управувале патнички возила "мерцедес" со скопски регистарски ознаки, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 378 и 380 од Кривичниот законик, а констатиран е и еден прекршок по член 80 од Закон за оружје.
А време на контролата извршено е превентивно делување со постојани обиколки и во парк на територија на Капиштец, во близина на угостителски објект на бул. "Партизански одреди", како и кај игралиштето наречено "Дрвен Град" поради секојдневното собирање на малолетни лица.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредниот период.
Ново на Сител
-

Полицајците бараат еднаков третман на сите пред законот по заканите со тепање и убиства
-

Премиерот ја потврди продажбата на „Еурокомпозит“ - Ќе продолжи и ќе се прошири производството на воена опрема
-

Долго трае чекањето на лек за ретки болести
-

Две милијарди евра за реформи во комуналниот сектор
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
