-->
-->
Уапсено лице од село во општина Старо Нагоричане, предивикал пожар во туѓ имот
-->

На 15.03.2026 во 12:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.П. од село Алгуња, општина Старо Нагоричане. Тој се сомничи дека во село Челопек, општина Старо Нагоричане, запалил сува трева и стрниште и предизвикал пожар во имот сопственост на Г.С.(60) од Куманово, при што биле опожарени дрва.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, а повредени лица нема.
Д.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
-

Преглед на вестите од светот
-

Една година од трагедијата во Кочани
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
