Македонија
21. July 2022 - 16:35

Убиството на хрватскиот ракометар добива разрешница, обвинетите ќе одговораат за убиство

Анџело Ѓорѓиевски, 19 годишна девојка и уште едно момче ќе одговараат за убиството за ракометарот, Денис Тот. По три месечна истрага, скопското обвинителство денеска им поднесе обвинение со кое ги товари дека сториле кривично дело, „убиство“. Заедно со клоци и боксови го тепале 27 годишниот ракометар кој од ударите паднал во кома, а подоцна и починал на скопските клиники.

„Обвинетите, на 7 парил, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот, оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Според обвинението, освен за убиство, тројцата ќе одговараат и за соизвршителство, па на сите им се заканува идентична казна. Најниската е пет години години затвор.

Како е одземен животот на хрватскиот ракометар, открија безбедносните камери поставени наспроти ноќниот клуб во скопскиот градски парк. Видеото покажа дека обвинетите заеднички го тепале Тот, пред очите на уште неколкумина кои во тој момент биле пред дискотеката.

Првично се тврдеше дека ракометарот не бил примен во болница поради насилни повреди, но дополнителната истрага откри дека Тот починал од ударите на тројцата обвинети.

Почетокот на судењето, тие ќе го чекаат во притвор.. Од обвинителството велат дека им е продолжен притворот поради опасност од бегство и влијание врз сведоци на настанот.