Македонија
22. March 2026 - 8:38

УХМР ќе го одбележи Светскиот ден на водите

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), како рамноправен партнер на Светската метеоролошка организација (СМО) во борбата за справување со глобалните климатски промени и опасните временски појави, со скромни работни настани ќе го одбележи 22 Март - Светскиот ден на водите, насловен како „Вода и род“, со слоган „Каде што тече водата, расте еднаквоста“.

Како што информираат од УХМР, целта е да се прикаже клучната врска помеѓу водата, жените и родовата еднаквост, односно фактот дека кризата со вода непропорционално ги погодува жените и девојчињата.

-Ја нагласува потребата тие да имаат еднаква улога во управувањето со водните ресурси, како и во лидерството и донесувањето одлуки, велат од УХМР.

Светскиот ден на водите секоја година се одбележува во над 190 земји-членки на Светската метеоролошка организација.