УХМР: Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Гевгелија, 18 литри дожд на квадратен метар, по што следуваат Кавадарци - 17, Маврови Анови - 11, Берово и Пожаране - 10, Тетово - 8 и Ѓуриште - 7 литри на м2,
Како што соопшти УХМР во Охрид, Скопје – Зајчев Рид и Претор наврнале шест литри на м2, Велес, Демир Капија и Струмица - 5, Попова Шапка - 4, Виница, Битола, Крива Паланка, Тополчани и Прилеп - 3, Скопје – Петровец и Крушево - 2 и еден литар на м2 во Куманово.
Времето денеска ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец (над 50 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени.
Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Субвенционираниот студентски оброк ќе се зголеми, не се знае кога и за колку
-

Македонија меѓу земјите во светот со најголем број мозочни удари
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Шефот на словачката дипломатија во официјална посета на Македонија
-

Нема финален договор меѓу МОН и студентите
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
